Тројцата членови на Нирвана ја потпишале оваа плоча по свирка за 700 луѓе во Биркелер, во Бристол, во 1991 година, пред да ја достигнат светската слава.
Обвивката на плочата е со автограм за еден локален обожавател од починатиот водечки пејач Курт Кобејн, тапанарот и сега фронтмен на Foo Fighters Дејв Грол и басистот Крист Новоселиќ.
Откако била чувана повеќе од 30 години во мансарда, плочата сега се најде на аукција.
Аукционерот и специјалист за музика, Мартин Хјуз, претходно изјави за Би-Би-Си дека албумот е „можеби најдобриот потпишан примерок што некогаш излегол на пазарот“ и го нарече „исклучително редок“.
Албумот Nevermind го крена американскиот рок бенд до меѓународен успех, со милиони продадени копии ширум светот.
Свирката во Бристол каде беше потпишана плочата беше дел од нивната европска турнеја Nevermind, каде свиреа во Италија, Германија и Единбург.