Потивок и помоќен: Sony објави нова софтверска надградба на PlayStation 5

Sony објави нова софтверска надградба за својата конзола PlayStation 5, која носи голем број клучни подобрувања и нови функции. Најзабележлива промена е можноста за отстранување или исклучување на звукот при стартување на конзолата, што е особено пријатно за корисниците кои ги нервира традиционалниот „бип“ звук.

Една од најочекуваните карактеристики е проширената поддршка за дискови M.2, сега со максимален капацитет од осум терабајти. Ова е двојно повеќе од претходната граница, дозволувајќи им на играчите да складираат многу повеќе содржини. Додадена е и поддршка за звукот Dolby Atmos. Ако вашиот телевизор или картичка за звук поддржува Dolby Atmos, сега можете целосно да ги искористите предностите на 3D звукот, посочуваат од компанијата.

Новото ажурирање го носи и помошниот контролер како функција на целиот систем, дозволувајќи им на двајца играчи да во исто време да играат како еден. Но надоградбата на новата верзија вклучува и пребарување во библиотеката за игри, како и можност за одговор на текстуални пораки со емотикони.

Ова ажурирање доаѓа во време кога на пазарот на конзоли се случува значителна конкуренција, не само од Xbox на Мајкрософт, туку и од бројни брзо растечки компании од таа сфера. Со оглед на ваквата состојба на пазарот, новото ажурирање за PlayStation 5 може да се смета како стратешки потег на Sony да ја задржи својата позиција и да го зголеми бројот на задоволни корисници.

Извор: telegraf.rs

Најново

Последни колумни