Постолимписката депресија е реална, но спортистите не ја пријавуваат

Фото: Freepik

Постолимписката депресија и понатмау е табу тема и има голем број на непријавени случаи на депресија помеѓу олимпијците по натпреварите, предупредуваат експертите.

„Неколку луѓе зборуваат за тоа, но не го гледате мнозинството. Тоа е како познатиот модел на санта мраз“ вели психологот Марион Супризио.

Според експертите постојат повеќе начини да им се помогне на спортистите кои се во тешка состојба во Олимписките игри.

„Психологијата и психологијата на спортот можат многу да понудат и да работат превентивно. Важно е спортистите да ја подговат ‘главата’ за тоа што следува. Програмите постојат, искористеноста се уште не е оптимална и има простор за напредок“ вели Супризио.

Спортистите по Олимписките игри се повеќе зборуваат за своите психички проблеми, но веројатно повеќето од нив се уште молчат.

„Постолимписката депресија е табу тема за многу спортистите, како и многу психички болести. Стравот од стигматизација е огромен“ велат експертите.

Темата доби поголемо внимание од јавноста кога најнаградуваниот олимпиец Мајкл Фелпс почна да зборува за депресијата по Олимписките игри. Американскиот пливач откри дека се мачел после сите Олимписки игри, почнувајќи од Атина 2004. Случајот на Фелпс покажува дека дури и најискусните може да бидат погодени, но според експертите најмногу на ризик се дебитантите.

„Спортистите кои прв пат се натпреваруваат на Олимписките игри многу брзо пропаѓаат во дупка“ вели Ули Кнап, тренер на германската атлетичарка Малаике Михамбо.

Искусните спортисти знаат што може да очекуваат, додека дебитантите се соочуваат со многу непознати на Олимписките игри.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни