Последното ремек дело на Климт е продадено за рекордни 108,4 милиони долари

Последната слика на Густав Климт се продаде за 108.4 милиони долари и со тоа стана најскапо продадено уметничко дело во Европа. „Дама со лепеза“ (Dame mit Fächer) ја купи колекционер од Хонгконг, кој победи на аукцијата во „Сотбис“. Почетната цена беше 82 милиони долари, а аукцијата траеше 10 минути.

„Dame mit Fächer“ е една од двете слики пронајдени во студиото на австрискиот уметник по неговата смрт во 1918 година, според Sotheby’s. Дело што уметникот го започнал една година пред тоа, во 1917 година, „Dame mit Fächer“ е насликана во карактеристично богатиот, експресивен стил на Климт. Како и поголемиот дел од неговото дела, тој ги прикажува влијанијата од Источна Азија кои ја обликувале неговата работа. Израмнетата перспектива на позадината во меѓувреме ги евоцира јапонските отпечатоци од дрвени блокови кои се истакнаа во големата азиска уметничка колекција на сликарот. Сликата има силни азиски влијанија и е дел од трендот јапонизам, кој се однесува на влијанието на јапонската уметност и дизајн врз уметниците од Западна Европа. На делото има и неколку кинески мотиви, како феникс, симбол на бесмртност и повторно раѓање, како и лотос, кој ја симболизира љубовта.

Портретот на непознатата жена сѐ уште бил поставен на штафелајот во ателјето на Климт кога починал во 1918.

Хелена Њуман, директорка на „Сотбис“ за Европа, рече дека „Дама со лепеза“ е последниот портрет што Климт го насликал пред неговата смрт, кога сѐ уште бил во во неговиот уметнички врв и ги насликал некои од неговите најуспешни дела.

„Многу од тие дела, секако портретите по кои тој е најпознат, беа нарачки. Сепак, ова е нешто сосема друго, еден вид срдечна ода на апсолутната убавина“, рече Њуман.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни