Обдукцијата и идентификацијата на телата на 59-те жртви на страотниот пожар заврши во Институтот на судска медицина во Скопје.
Се прават последните подготовки за нивното последно испраќање.
Триесетте жртви од Кочани ќе бидат погребани утре, во различен временски период. Ќе присуствуваат голем број свештени лица од синодот, изјави влaдиката Иларион.
Сара Пројовска и Андреја Ѓоргиевски ќе бидат погребани утре во Скопје.
– Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток,на гробиштата во Лисиче.
Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот, известија од Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Од семејството на Андреј од ДНК соопштија дека погребот ќе биде утре, во 10 часот во капела Бутел, Скопје.