Последните 24 часа во геополитиката

Изминатото деноноќие донесе низа значајни случувања на глобалната сцена, кои дополнително ги заоструваат постојните геополитички тензии и ги обликуваат клучните безбедносни и дипломатски процеси ширум светот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави со видеопорака од Купјанск, еден од најжестоките делови на фронтот, по стапувањето во сила на нови руски тврдења дека градот е „ослободен“.
Зеленски ја пофали украинската војска и порача дека „силните позиции на терен значат силни позиции во дипломатијата“. Воените извештаи укажуваат на контраудари на украинските сили и блокирање на руските правци кон градот, иако борбите во центарот продолжуваат.

Во Демократска Република Конго, бунтовничката група М23 го презеде контролниот град Увира, што сериозно го поткопува мировниот договор постигнат пред само една недела во Вашингтон.
Со стотици илјади раселени и извештаи за цивилни жртви, регионалните влади стравуваат од проширување на конфликтот кон Бурунди. Владата во Киншаса бара итна интервенција на меѓународната заедница.

Советот на ЕУ усвои одлука за воведување фиксна царина од три евра за секоја пратка под 150 евра што доаѓа од земји надвор од Унијата, почнувајќи од јули 2026 година. Мерката најмногу ќе ги погоди платформите како „Шиен“, „Тему“ и „Алибаба“.
Европската комисија тврди дека царината ќе ги заштити европските трговци и ќе ја намали нелојалната конкуренција во онлајн продажбата.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел оцени дека следната голема точка на судир меѓу Европа и САД ќе биде регулирањето на вештачката интелигенција.
Таа предупреди дека американските компании доминираат на пазарот и дека Европа мора да постави јасни правила, иако тоа ќе предизвика отпор во Вашингтон.

Либиските власти потврдија дека Ахмед ал-Дабаши, водач на милитантната група „Бригади на мачениците на Анас ал-Дабаши“ и човек под санкции на ОН и САД, е убиен при полициска акција во Сабрата.
Неговиот брат е уапсен, а властите тврдат дека е нанесен сериозен удар врз мрежите за трговија со мигранти.

Романија регистрираше два случаи на Хансенова болест, рви по 40 години. Две индонезиски државјанки биле дијагностицирани во Клуж, по што бањата каде работеле е затворена. Властите наведуваат дека нема ризик за јавноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни