Фудбалската јавност и ФК Шкупи се простија од младиот талентиран фудбалер

Последниот натпревар на Андреј Лазаров

Тој играше баш до мене. Игравме како тандем во средината на теренот. Кога бевме заедно секогаш ми велеше: „Демуш иди понапред, јас сум позади тебе!“. Вистина е дека чувствував голема храброст да одам напред затоа што бев сигурен дека го имав Лазаров назад. Последниот натпревар беше баш тука со Пелистер, баш тој натпревар јас излегов во 60- тата минута, он влезе, јас бев тој последниот играч што му дадов рака и влезе… Потоа се случи големата трагедија. Го изгубивме нашиот брат Андреј Лазаров. Остана навистина голема празнина во нашите срца и во нашиот клуб. Но можам да ветам дека сега само за него ќе играме, само за него ќе победуваме

Андреј Лазаров беше млада надеж на македонскиот фудбал кој трагично загина во пожарот во дискотеката во Кочани. Металург, Работнички и Тиквеш беа клубовите за кои настапуваше во Македонија, додека во Хрватска беше дел од Рудеш и Горица. Последниот натпревар го одигра на 15 март со неговиот клуб Шкупи.

-Тој играше баш до мене. Игравме како тандем во средината на теренот. Кога бевме заедно секогаш ми велеше: „Демуш иди понапред, јас сум позади тебе!“. Вистина е дека чувствував голема храброст да одам напред затоа што бев сигурен дека го имав Лазаров назад. Последниот натпревар беше баш тука со Пелистер, токму таа утакмица јас излегов во 60- тата минута, а тој влезе, јас бев тој последниот играч што му дадов рака и влезе… Потоа се случи големата трагедија. Го изгубивме нашиот брат Андреј Лазаров. Остана навистина голема празнина во нашите срца и во нашиот клуб. Но можам да ветам дека сега само за него ќе играме, само за него ќе победуваме, вели Демир Имери, фудбалер ФК Шкупи.

Алпарслан Ердем, тренерот на Шкупи за Андреј вели дека бил одличен играч. Тој, објаснува Ердем бил средишен играч кој давал многу енергија со неговата моќ и талент.

-Андреј беше еден многу добар дечко, млад дечко кој што нормално животот го имаше пред себе и на толку млади години се случи ова што му се случи. Тешко е за сите нас, особено за неговото семејство. Тој ден, во неделата, јас бев тој што го контактирав татко му, кој прво ни потврди дека се е о.к со него, дека го нашле во Штип во болница и дека луѓето го виделе и кажале дека е се во ред. Таман сакавме да тргнеме за Штип, за локација го баравме да ни потврди каде е само, и го слушнав дека плачеше на телефон, јас со тоа спортското велам: ,,Немој да се секираш, да плачеш зошто јак е Андреј викам”, зошто пред 20 минути ми потврди дека е добар, викам ќе се врати он, јак дечко е.. А тој ми вели- ,,како бе Неџипи ќе се врати вика, починал”. И во тој момент и тој шок сеуште ни е на сите присутен- раскажува за Трн, Ндерим Неџипи, спортски директор Шкупи.

Во понеделникот Шкупи ја одгра првата утакмица без Андреј, во Струга. Велат тешко е за сите, за целата група за сите негови соиграчи тука, многу тежок момент затоа што навистна тој бил тука со нив цело време и одеднаш го нема. ФК Шкупи го повлече дресот на Лазаров, и тоа велат е најмалку што можат во овој момент да направат. Клубот исто така донесе одлука дека неговиот договор ќе се испочитува до крај.

-Се случи голема трагедија во Македонија. Сочувство на сите фамилии од Кочани. Вистина го изгубивме нашиот брат Андреј Лазаров. Остана навистина голема празнина  во нашите срца и во нашиот клуб и сакам да кажам дека беше вистина голем човек, со големо срце. Да кажам дека беше како пример за нас како треба да не се предаваме и каков карактер и каков човек. Но можам да ветам дека сега само за него ќе играме, само за него ќе победуваме. Сите сме дека сите утакмици ќе ги одиграме како да се последни за нас, за Андреј – вели Неџипи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни