Филмската куќа First Line Films најави дека во нивниот претстоен филм „As Deep as the Grave“ ќе се појави актерот Вал Килемер, и тоа постхумно, преку употреба на вештачка интелигенција.
Иако Килмер не снимил ниту една сцена, неговиот лик ќе биде дигитално реконструиран, што според продукцијата претставува прв ваков случај во историјата на филмот. Технологијата е развиена во соработка со неговото семејство и ќерката Mercedes Kilmer.
Килмер првично бил избран за улогата на отец Финтан – католички свештеник и духовна историска личност поврзана со мисијата Сан Хуан во Нов Мексико. Меѓутоа, поради влошеното здравје, не можел да учествува во снимањето.
Филмот, кој претходно бил познат под името „Canyon of the Dead“, е во постпродукција веќе три години и претставува историска авантуристичка приказна за археолози од американскиот југозапад. Приказната ги следи истражувањата на Ен и Ерл Морис во кањонот Де Чели во Аризона и историјата на народот Навахо.
Режисер, сценарист и продуцент на филмот е Коерте Ворхес, а во останатите улоги се појавуваат Abigail Lawrie, Tom Felton, Abigail Breslin и други.
Килмер и претходно користел технологии базирани на вештачка интелигенција. По неговото заболување од рак на грлото во 2014 година, тој го изгубил говорот, но неговиот глас бил реконструиран со помош на AI системи во документарецот „Val“, користејќи архивски аудио материјали.
Според режисерот, Килмер уште за време на животот бил заинтересиран за новите технологии како средство за проширување на можностите за раскажување приказни, што дополнително ја дава тежината на овој проект.