Последица од менопаузата за која речиси никој не зборува: жените губат приходи и кариерни можности

Менопаузата не влијае само на здравјето и расположението. Новите истражувања покажуваат дека таа има и значителни економски последици за жените.

Научници од Норвешка, Шведска и Универзитетот Станфорд откриле дека по започнувањето на менопаузата многу жени бележат пад на приходите и намалени можности за напредување.

Најпогодени се жените без високо образование и оние кои работат во мали приватни компании, каде што поддршката за здравствени и психолошки предизвици е ограничена. Во Норвешка, на пример, истражувањето покажало дека просечната заработка на жените во менопауза опаѓа за 10 проценти во рок од четири години, најчесто поради намалување на работното време или напуштање на работното место.

Психологот Кејси Флеминг, основач на компанијата The Fuchsia Tent која се занимава со добросостојбата на жените на работното место, истакнува дека ова е „огромен системски проблем, и здравствен и организациски“.

Недостатокот на разбирање и поддршка од страна на работодавците често води до предвремено повлекување на искусни вработени, што, според експертите, на глобално ниво носи економски загуби од над 150 милијарди долари поради пад на продуктивноста и повеќе од 600 милијарди долари во зголемени здравствени трошоци.

„Менопаузата не е биолошка инвалидност,“ нагласува Флеминг. „Она што ги прави жените ранливи е недостигот на информации, соодветен третман и разбирање на работното место. Компаниите кои тоа не го нудат – губат искуство, знаење и стратешка сила.“

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни