Последен ден од мајскиот студ: Од утре температурите растат, следува стабилизација

Денес, Македонија е под влијание на влажен и студен бран од север, што резултира со облачно и свежо време, проследено со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини, особено над 2000 метри надморска височина, се очекува повремен снег . Попладне и во текот на ноќта, ќе дува засилен северен ветер, со брзина над 60 км/ч, особено вдолж Повардарието .Денес дневната температура пониска од 11 до 16 степени целзиусови.

Сепак, од утре (сабота, 17 мај), се очекува постепено подобрување на временските услови. Во западните делови од земјата ќе има услови за слаб дожд и сееврозападен ветер. Температурите ќе започнат да растат, а времето ќе стане постабилно. Во недела (18 мај), се предвидува целосна стабилизација на времето, со пониски утрински температури, но пријатни дневни температури .

Важно е да се напомене дека, и покрај студениот бран, не се очекуваат екстремни временски непогоди како оние што неодамна ги погодија Србија и Хрватска .

За најнови информации и ажурирања, следете ја Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на нивната официјална веб-страница: uhmr.gov.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни