На 16 август, на старото пристаниште во Охрид, после
невремето, успешно се одржа второто издание на Red Bull
Педалинка, уникатен спортски натпревар во кој тимови од
четворица се натпреваруваат во возење на педалинки.

Како дел од програмата на Ohrid Water Festival, во водите на
Охридското езеро повторно беа забележани голем број на
педалинки кои учествуваа на најзабавната и највозбудливата
водена летна трка.

На овогодинешното издание на Red Bull Педалинка, бевме
сведоци на 18 креативно-иновативни тимови, кои трпеливо
почекаа да се стабилизираат временските услови, за да можат
да демонстрираат тактична спремност, координација, борбеност
и тимски дух.

За комплетно уживање во овој несекојдневен настан, допринесе
многубројната публика, кои несебично ја држеа атмосферата
на завидно ниво со навивање и бодрење на своите омилени
тимови, во придружба на добра музика и забава.
После невремето, тимовите успешно ги поминаа сите фази на
трката, а првото место на второто издание на Red Bull
Педалинка му припадна на тимот SQM Media кој се покажа како
најдоминантен тим во оваа уникатна трка со педалинки.

Второто место му припадна на тимот Културолошка
Иницијатива 5 до 12, кој во последните мигови ја изгуби битката за првото место,
но затоа членовите на овој тим ќе одат на
авантура со SUP даски по Охридското езеро.
Титулата “Најкреативна маска” му припадна на тимот Аватар,
а новитетот за оваа година кај наградите, SUP даска
Aqua Marina VAPOR 10’4″ од по случаен
избор му припадна на Димитар Поп-Стефанија од тимот
Културолошка Иницијатива 5 до 12.

