Социјалната мрежа Икс објави дека ја зголемила цената на својата најскапа претплата Премиум плус на 22 долари месечно. Лицата кои се претплатени на Премиум плус по старите услови можат да ја користат претплатата сè до 20. јануари, пренесува Ројтерс.
Според наводите на компанијата Икс, дел од приходите од зголемената цена на претплатата ќе оди кај креаторите на содржина на платформата и ќе овозможи на компанијата да ја намали својата зависност од реклами.
Промените ќе се појават засега само во некои земји.
Корисниците на Премиум плус сега ќе можат да пребаруваат фид без реклами, а исто така ќе можат да користат повеќе услуги на четботот Грок и новата функција Рејдар (Радар).
Цената на претплатата Бејзик и Премиум не се менува, што значи дека тие остануваат на три и осум долари месечно, додава се во соопштението.