Поскапува парното во Скопје

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука од понеделник (1 декември) да се зголеми цената на парното во Скопје за 5,9 проценти.

Како што соопшти претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, семејство кое плаќало досега 2200 денари сега ќе плаќа за 130 денари повеќе.

Корисниците на парното од ЕСМ енергетика (познато како Железарско парно) ќе имаат за 8% повисоки сметки од следниот месец.

Како што објаснуваат операторите и РКЕ, зголемувањето на цената е поради неопходни ивестиции за санација на топловодната мрежа.

Ова е поради планирани инвестициски поправки и модернизации на дистрибутивната мрежа која е изградена во средината на минатиот век. изјави Марко Бислимовски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни