Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за ново зголемување на цената на дизелот, кое стапува на сила од полноќ. Малопродажната цена на еуродизелот се зголемува за два денари по литар, додека цените на бензините остануваат непроменети.
Со оваа одлука, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,17 отсто.
Според новата пресметка:
- Еуродизел ќе се продава по 71 денар за литар
- Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 70 денари за литар
- Еуросупер БС-95 останува 73,5 денари за литар
- Еуросупер БС-98 останува 75,5 денари за литар
Од РКЕ информираат дека на светските пазари е регистрирано зголемување на референтните цени – кај бензините во просек за 2,984 отсто, кај дизелот за 4,458 отсто, кај екстра лесното масло за 4,405 отсто и кај мазутот за 3,47 отсто.