Поскапеа нафтата и златото, европските берзи со раст

Европските берзански индекси ја започнаа новата трговска недела со раст, проследен со зголемување на цените на нафтата и златото.

Пазарите очекуваат прелиминарни податоци за економската активност во секторите за производство и услуги во еврозоната, Германија, Франција и Велика Британија, кои ќе бидат претставени преку индексот PMI. Овие податоци се очекува да дадат подобар увид во економската состојба во Европа, пренесува CNBC.

Според актуелните податоци, германскиот индекс DAX утринава се зголеми на 23.085,50 поени, британскиот FTSE 100 достигна 8.692,25 поени, додека францускиот CAC 40 порасна на 8.107,52 поени. Рускиот MOEX, пак, забележа пад и изнесува 3.187,92 поени.


Пред отворањето на американските берзи, индексите исто така бележат раст – Dow Jones изнесува 41.985,35 поени, S&P 500 достигна 5.667,56 поени, а Nasdaq порасна на 17.784,05 поени.

Раст на цените на нафтата и златото

Цената на суровата нафта се искачи на 68,44 долари за барел, додека нафтата од типот Brent се тргува по 72,31 долари за барел.

Златото, пак, забележа рекорден пораст, достигнувајќи 3.024,45 долари за унца, што претставува највисока цена досега.

Во однос на другите суровини, цената на пченицата падна на 5,5459 долари за бушел (1 бушел = 27,216 кг).

Состојба на валутните пазари

На девизниот пазар еврото бележи мал пораст во однос на доларот, со курс од 1,08399, што е нешто повисоко во споредба со петокот.

Економските аналитичари очекуваат понатамошна динамика на пазарите во зависност од објавените економски податоци и развојот на геополитичките случувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни