Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела поради трка

Во недела во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради улична трка. Дел од булеварите ќе бидат затворени.

Оваа недела (22 март), Скопје ќе функционира со посебен сообраќаен режим поради одржување на атлетска улична трка, со повеќе затворени и пренасочени улици.

Министерството за внатрешни работи информира дека трката ќе се одвива во периодот од 07:30 до 11:30 часот, а стартно-целната зона ќе биде поставена на булеварот „Јане Сандански“.

Со цел безбедно и непречено одвивање на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе привремени забрани и пренасочувања на сообраќајот долж трасата по која ќе се движат учесниците.

Трасата на движење ги опфаќа следните улици и булевари:
– Бул. „Јане Сандански“, од крстосницата со бул. „Србија“ и бул. „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со ул. „Владимир Комаров“
– Ул. „Васко Карангелевски“, од крстосницата со бул. „Јане Сандански“ до крстосницата со бул. „АСНОМ“
– Бул. „АСНОМ“, од крстосницата со бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ до крстосницата со ул. „Васко Карангелевски“

Во наведениот период, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици.

Од МВР апелираат до граѓаните, особено возачите, да покажат трпение и да ги почитуваат упатствата на полициските службеници на терен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни