Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница: Еднонасочен пристап кон гробиштата Бутел

Поради Задушница, утре од 06:00 часот во Скопје ќе важи посебен сообраќаен режим кон гробиштата Бутел, Камник, Драчево и Ѓорче Петров. МВР апелира на почитување на полициските насоки.

Поради одбележувањето на верскиот празник Задушница, утре од 06:00 часот во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје соопштуваат дека кон градските гробишта Бутел сообраќајот ќе се одвива кружно и во една насока. Возилата ќе се движат по улица „Бутелска“, потоа лево по „Александар Урдаревски“, лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата.

За излез од гробиштата, возилата ќе се движат десно по „Боца Иванова“ до кружниот тек на „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улица „Кемал Сејфула“.

Посебен режим ќе биде воведен и во околината на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемена фреквенција на возила и граѓани.

Од МВР апелираат граѓаните строго да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни