Според Европската комисија, градот се истакнал со својата континуирана посветеност на одржлив развој, со извонредни резултати за квалитетот на воздухот, бучавата, водата, биодиверзитетот, зелените површини и користењето на земјиштето, отпадот и адаптација за ублажување на климатските промени.
Гимараеш ќе добие награда во вредност од 600.000 евра, средства со коишто ќе ја зголеми еколошката одржливост. Според жирито, Гимараеш покажал визија што ги обединува граѓаните, академската заедница и приватниот сектор.
„Европската зелена престолнина е признание, но и одговорност. Градовите се клучни играчи во унапредувањето на зелената транзиција и го поздравувам континуираниот ангажман на сите учесници во промовирањето на чиста и здрава животна средина за нивните граѓани да уживаат поквалитетен живот“, рече потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ.
Наградата – Европска зелена престолнина беше лансирана во 2010 година од страна на Европската комисија со цел да ги охрабри градовите да станат позелени и почисти, а истовремено да го подобрат квалитетот на животот на нивните граѓани.