Португалски професор: Храната која лекарите ја мразат добро влијае на мозокот

Со други зборови, според Фереира, не само што го подобрува расположението, туку може да ја подобри и когнитивната функција.

Не е тајна дека аромите ги возбудуваат рецепторите и можат да влијаат на нашето расположение. Сепак, малкумина би го кажале тоа за сланината, храна која веќе некое време е на листата на намирници кои треба да се избегнуваат. Имено, сланината припаѓа на преработеното и црвеното месо кое е поврзано со поголема инциденца и смртност од кардиоваскуларни заболувања и дебелина.

Професорот Хуго Александре Фереира од Универзитетот во Лисабон истакнува дека пржената сланина не само што е вкусна, туку и корисна за мозокот.

„Сензорните и нутритивните елементи на сланината може да играат улога во подобрувањето на когнитивната функција кога се вклучени во урамнотежена исхрана“, објави тој.

Со други зборови, според Фереира, сланината не само што го подобрува расположението, туку може да ја подобри и когнитивната функција.

„И мирисите на некои други производи можат да имаат сличен ефект. Се покажа дека медитеранската исхрана, богата со природни масти, води до подобрена обработка на информациите во мозокот“, заклучил тој.

Фото: pexels

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни