Португалија постави рекорд: Шест дена во низа беше на 100% струја од обновливи извори

фото: Artur Widak/NurPhoto/Getty Images

Речиси една недела, 10-милионската земја ги задоволуваше потребите на потрошувачите со ветерници, хидроцентрали и соларна енергија –ова е тест за производство на електрична енергија без фосилни горива.

Бурата што го зафати Атланскиот неодамна и судирот со карпите кои се издигнуваат над Назаре, Португалија беше од големо значење за оваа држава. За некого , ова би изгледало како очекувана прогноза за доцна есен , но за Португалија – со население од 10 милиони, тоа го означи почетокот на една ветувачка ера. За време на тој викенд, целата нација користеше обновливи извори на енергија од ветер, сончева енергија и хидроенергија.

Се испостави дека овие дождливи денови и бури беа само загревање. Португалија произведе повеќе од доволно обновлива енергија за да ги опслужува сите свои потрошувачи шест дена по ред, од 31 октомври до 6 ноември.

„Централите што работат на гас беа овде, чекајќи да произведат енергија, доколку е потребно. Не затоа што дуваше ветер туку поради врнежите од дожд “, рече Хуго Коста, кој раководи со  EDP Renewables – огранок за обновливи извори на енергија на државното претпријатие, кое беше приватизирано во 2012 година. ​„И ние произведувавме со позитивно влијание врз потрошувачите бидејќи цените драстично паднаа, речиси на нула“.
За да се постигнат климатските цели на Парискиот договор до 2050 година, нациите треба да работат на производство на енергија без емисии на јаглерод не само за три или шест дена, туку во текот на целата година. Неколку земји веќе го прават ова, благодарение на предностите на хидроенергијата, што во голема мера се разви многу пред климатската криза да доведе до тоа да се направат инвестициски промени за електраните. Други земји имаат големи резултати во производството на енергија без јаглерод благодарение на нуклеарните централи.

Португалија спаѓа во една поинаква група: таа го започна својот процес за декарбонизација со наследна хидроенергија, но без нуклеарен капацитет кој и не планира да го изгради. Тоа значи дека мораше да открие како да ја намали употребата на фосилни горива со максимизирање на новите обновливи извори.

Како Португалија го направи ова? Се обврза да изгради обновливи извори на енергија многу порано ,ветувајќи краен рок до 2050 година за нето-нула емисии на јаглерод уште во 2016 година, неколку години пред Европската унија да го преземе тој чекор. Последните фабрики за јаглен во Португалија беа затворени во 2022 година, оставајќи го (увезениот) фосилен гас како последна опција за производство на електрична енергија доколку е потребно.

фото: Octavio Passos/Getty Images



„Главниот заклучок, според мене, е тоа што португалската мрежа е подготвена за многу високи удели на обновлива електрична енергија и за нејзините очекувани варијации: успеавме да управуваме и со наглото зголемување на производството на хидро и ветер, а исто така и со враќање на помал дел од обновливите извори на енергија, кога повторно беа побарани електрани со природен гас за да обезбедат дел од побарувачката на земјата“, рече Мигел Прадо, кој го покрива португалскиот енергетски сектор за весникот Expresso.

 Анатомија на шестдневната серија на чиста енергија

Шестдневниот рекорд се однесува на 149 последователни часови во кои ​„енергијата од обновливи извори ги надмина потребите за индустриска и потрошувачка на домаќинства низ целата земја“. Претходниот рекорд на земјата беше 131 час (малку повеќе од пет дена), постигнат во 2019 година. Ова не значи дека постројките за фосилни горива не биле во функција – напротив, вкупното производство на обновливи извори ги надмина барањата на потрошувачите.
 Но, Португалија, исто така, постави национален рекорд за задоволување на потребите на целиот систем за електрична енергија ​„без прибегнување кон конвенционално производство на топлинска енергија’’.
Овој период во започна на 31 октомври и продолжи 131 последователен час, приближно 5 дена, речиси тројно го зголеми претходниот рекорд на Португалија од 56 работни часови поставен во 2021 година. Во текот на 95 од тие континуирани часови, Португалија извезуваше чиста електрична енергија во Шпанија, постојано имајќи повеќе отколку што беше потребно – сето тоа без прибегнување кон користење на гас за производство на енергија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни