Porsche по 50 години го потврди наследникот на култниот модел (ВИДЕО)

Веќе започнаа шпекулации – дали станува збор за уникат направен за посебен клиент или за мала серија за елитни купувачи. Се зборува и за можен ривал на Aston Martin Valkyrie и Red Bull RB17.

Овие денови се одбележува 50-годишнината од кога легендарниот Porsche 917 доби дозвола за возење надвор од тркачките патеки. Сега, Porsche официјално го најави неговиот наследник.

Компанијата објави видео кое најавува нешто што изгледа како улична верзија на нивниот Le Mans тркачки автомобил 963, со целосно претставување најавено за јуни 2025 година.

Ова не би било првпат Porsche да го трансформира својот тркачки автомобил во улично легално возило.

Историја на легендата

Точно пред 50 години, моделот 917 со 12-цилиндричен боксер мотор за првпат излезе на јавни патишта. Тоа беше резултат на интерен проект во Porsche, како одговор на желбата на италијанскиот претприемач и наследник на Martini – Грегорио Роси ди Монтелера – кој сакал да вози тркачки Porsche на обичен пат.

Шасијата број 30, која првично се користела за трки, била преработена за улична употреба. Бојосана е во препознатливата Martini сребрена боја и опремена со детали како трепкачи, клаксон, пригушувач и резервна гума. Седиштата биле обложени со кафеава кожа од Hermès, а ентериерот со антилоп кожа.

Автомобилот неодамна е целосно механички реставриран и сѐ уште активно се вози – како што покажува и видеото на Porsche.

Во видеото, Porsche ја прикажува силуетата на она што личи на моделот 963 во улична верзија – што укажува на обновување на традицијата на улични верзии на тркачки автомобили.

Веќе започнаа шпекулации – дали станува збор за уникат направен за посебен клиент или за мала серија за елитни купувачи. Се зборува и за можен ривал на Aston Martin Valkyrie и Red Bull RB17.

Како и да е, нема да чекаме долго – Porsche го најавува целосното претставување во јуни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни