Бројни се машките форуми на кои се дебатира за тоа колку време им трае ерекцијата на мажите, имаат ли проблеми со предвремена ејакулација, користат ли кондоми… Од друга страна, бројни научни студии даваат одговори на овие прашања, а меѓу другото сублимираат и на кој начин мажите можат да ја одржат сексуалната кондиција.
Постојат три видови на ерекција, а некои од нив можат да бидат непријатни. Повеќето пениси се искривени наместо прави, а пенисот е „најголем“ по стимулација со орален секс.
Најдобра стимулација е оралниот секс
Постојат три видови на ерекција – рефлексна која настанува поради вистински контакт, психосоматска поради аудиовизуелна стимулација и ноќна ерекција. Според истражувањето на угледниот магазин Journal of Sexual Medicine, силината на стимулот влијае врз силата на ерекцијата и самата должина на пенисот. Пенисот е најдолг после орален секс, во просек дури до 0.3 сантиметри подолг отколку без таквата стимулација.
Утринската ерекција…
Просечниот маж може да има до 6 ерекции во текот на спиењето, кои најчесто траат од 20 до 50 минути. Неговата утринска ерекција е показател дека тој е здрав и дека произведува нормални количества тестостерон.
Секој десети млад маж страда од проблеми со ерекцијата
Еден од десет млади мажи имаат проблеми со ерекцијата. Ова го изјави за Independent водечкиот американски терапевт д-р Ендрју Смилер.
Д-р Смилер е лиценциран терапевт, експерт за проблемите на мажите. Тој е член на неколку истражувачки организации, а исто така и на Американската асоцијација за психологија. Автор е на неколку книги поврзани со интимноста кај децата и адолесцентите, меѓу кои е „Средбите и сексот: туристичкиот водич на тинејџерот од 21 век”.
„Младите кои доаѓаат кај мене за помош се на возраст меѓу 13 и 25 години. Но ако треба да сум објективен, мнозинството од нив изгледаат во одлична состојба – спортисти, но за жал злоупотребата со порното ги води право во мојот кабинет“, вели д-р Ендрју Смилер.
Порно филмовите и нивното влијание врз ерекцијата
Истражување на Cosmopolitan од 2014 година, спроведено меѓу 800 мажи и жени (93% од кои хетеросексуални), покажува дека една третина од мажите гледаат порно, секој ден. Имајќи предвид дека оттогаш технологијата е развиена значително, ништо чудно оваа 1/3 да порасне до дури поголемо број. Објективната реалност е дека повеќе од 30% од младите мажи имаат проблеми со ерекцијата.
Интересни податоци говорат и дека:
– 73% од мажите, свртени кон активно порно, се на возраст 18-24 години
– 82% од младите мастурбираат секој ден
Според Д-р Смилер, младите мажи кои страдаат од проблеми поврзани со ерекцијата неопходно е да подложат на сексуална диета – никакво самозадоволување, никаков секс и никакви еротски мисли. Воздржувањето треба да продолжи 90 дена.
„На овој начин телото и умот сами ќе откријат што во реалноста ги привлекува, изборат проблемот со ерекцијата”, коментира д-р Смилер.
Големината на кондомот – главна причина зошто мажите не ги сакаат
Презервативите се убедливо најдобрата заштита од полово преносливи болести и непосакувана бременост, но сепак мажите не сакаат да ги употребуваат. Најчестиот изговор им е дека тие влијаат негативно на сексуалното задоволство, односно жената не го чувствува пенисот.
Меѓутоа, Њујорк Тајмс спроведе едно истражување кое откри зошто многу мажи не сакаат да употребуваат презервативи. Како што веќе знаете, многу производители на презервативи произведуваат кондоми во основна, стандардна големина, а проблемот е во тоа што таа големина не одговара на големината на сечиј пенис.
Студиите покажале дека просечен пенис во ерекција е околку 2,5 сантиметри помал од стандардниот кондом, кој е долг околку 17 сантиметри. Истражувањето кое било спроведено, а во кое учествувале 1.661 маж, покажало дека 83 % од мажите имаат проблем со стандардната величина на кондом, кој е подолг од нивниот полов орган. Просечната должина на машкиот „алат” е 14,5 сантиметри.
Што е предвремена ејакулација
Предвремената ејакулација е честа појава, но бидејќи не постои универзално прифатена дефиниција, тешко е да се одреди колку луѓе се засегнати. Проценките на заболените мажи ширум светот се движат од 30% до 85%.
Според Американската уролошка асоцијација, состојбата може да се дефинира како „лоша контрола на ејакулацијата, поврзани нарушувања и ејакулација во рок од приближно две минути од почетокот на пенетративниот однос“.
Повеќето дефиниции, исто така, наведуваат дека времето до ејакулација му пречи на човекот, вели Џастин Дубин, доктор на науки, уролог и специјалист за машко здравје во Меморијалниот здравствен систем.
„Доколку сексуалниот однос трае помалку од две минути и му пречи на личноста или неговиот партнер, тоа се смета за предвремена ејакулација“, вели д-р Дабин.
Со три секојдневни продукти до цврста ерекција
На пазарот се нудат бројни препарати за подобрување на ерекцијата, но нутриционистите се едногласни дека и со честа употреба на одредени продукти може да се надмине проблемот.
Според експертите, хормоналната рамнотежа и непрекинатиот доток на крв во областа на карлицата се неопходни за вашиот сексуален перформанс. За ова, од помош ќе ви биде храна со сложени јаглехидрати и храна од цело зрно, заедно со многу овошје и зеленчук.
Истовремено, се покажало дека храната богата со флавоноиди ја подобрува ерекцијата кај мажите. Во оваа група спаѓаат продукти како боровинки, јагоди, цреши, грозје, јаболка и цитрусно овошје.
Витамин Е
Истражување од 2019-та покажало дека храната богата со витамин Е им била од помош на мажите кои имаат проблеми со ерекцијата.
Според тимот, за здраво либидо потребна е хормонална рамнотежа, за која, пак, се потребни здрави масти и витамин Е. Имено, ако на организмот му недостасува витамин Е, најверојатно ќе има проблеми со дигестијата или апсорбирањето на мастите, а ова може да има влијание врз сексуалниот перформанс.
Цигарите ја скратуваат ерекцијата
Пушењето е штетно за сите органи, па така и за пенисот. Никотинот лошо влијае врз циркулацијата, која е клучна за ерекцијата. Со тек на време, последица е дури намалување на пенисот, а студиите покажуваат дека редовното пушење на цигари може да резултира со пенис пократок и до 1 сантиметар.