Порибување со крап и пастрмка на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”

ЈП Стрежево продолжи со активности за збогатување на риболовната вода и подобрување на условите за риболов за сите рекреативни риболовци.

Денес во присуство на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев и инспектори од одделението за рибарство со аквакултура, согласно надлежностите во рамки на Законот за рибарство и аквакултура се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”, кое беше порибено со рибен подмладок од сортите крап и речна пастрмка кои беа набавени од репроцентарот Акватика од Неготино.

Од Државниот инспекторат за земјоделство се изврши проверка на документацијата и мерење на порибителниот материјал на дигитална вага пред пуштање во водите на Акумулацијата Стрежево при што се утврди дека порибениот материјал е во вкупна количина од 150кг пастрмка и 200 кг крап.

Главна цел од спроведувањето на овие активности е збогатување на рибниот фонд на водите на територијата на националниот парк.

Извор: Агротим

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни