Оваа изјава го шокираше дури и самиот Путин, кој во еден момент се почувствува должен да застане во одбрана на Западот, заради прекумерниот антизападен настап на Порфириј.
Овој наратив за „обоени револуции“ е веќе препознатлив – истио го користи и Александар Вучиќ, пишува новинарот Милан Вукелиќ, а сега изгледа дека Порфириј целосно се приклонил кон истата линија. Тоа е драстичен пресврт од неговиот претходен имиџ – некогаш беше свештеник кој ја славеше младоста, културата, рокенролот.
Поранешниот „пургерски поп“ од Загреб, пријателски расположен, отворен кон модерниот свет и музиката на „Азра“, сега изгледа како да се трансформирал во фигура од мрачното средновековие.
Новинарот Милан Вукелиќ во својот коментар за „Нова.рс“ потсетува на времето кога Порфириј гостуваше во емисијата „Духовници“ и зборуваше за хуманост, литература, добрина. Денес, од таа слика не остана ништо. Наместо симпатичниот, духовит Лала, пишува Вукелиќ, сега гледаме мрачен лик кој ја напаѓа студентската борба против корупцијата и ја претставува Србија како приврзок на „рускиот свет“.
„Порфириј, трепни ако те киднапираа!“, со иронија пишува Вукелиќ, алудирајќи дека сегашниот Порфириј е само сенка на некогашниот прогресивен епископ. Овој неочекуван политички и духовен пресврт е удар за оние кои веруваа дека СПЦ може да оди по патот на дијалог, модерност и разбирање со младите – наместо по патот на авторитаризам и антизападна реторика.