Нивото на зафатеност на европските складишта за гас падна на 45,6 проценти, во споредба со 56,5 проценти пред една година. Особено ниски залихи, деновиве се забележани во Германија 37,5 проценти, Франција 36,4 проценти и Холандија 31,1 процент.
Цените на фјучерсите за гас во Европа на берзата TTF во Амстердам се зголемија за шест проценти на 42,4 евра за мегават-час, што е највисоко ниво од март 2025 година.
Зголемувањето на цените дојде откако пратките на течен природен гас (LNG) од Соединетите Американски Држави паднаа бидејќи зимските бури го нарушија производството и го намалија протокот на гас до американските извозни терминали, додека Европа се подготвува за уште еден студен бран.
Бидејќи Европа речиси целосно се откажа од руските енергетски резерви, сега мора многу да се потпира на американскиот LNG, што ја прави уште поранлива на прекини во снабдувањето.
Нивото на зафатеност на европските складишта за гас падна на 45,6 проценти, во споредба со 56,5 проценти пред една година, а особено ниски залихи беа забележани деновиве во Германија 37,5 проценти, Франција 36,4 проценти и Холандија 31,1 процент.
Цените на природниот гас во САД денес се искачија на највисоко ниво од крајот на 2022 година, откако огромна зимска бура ја зафати земјата и ја зголеми побарувачката за енергетскиот производ.
Повеќе од 822.000 клиенти беа без струја, а повеќе од 12.500 летови беа откажани во текот на викендот поради бурата, објави CNBC.
