Порасна вредноста на доларот

Индексот на доларот – кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути – порасна за 0,6% и достигна 98,77 поени

По две недели пад, вредноста на американскиот долар порасна минатата недела, бидејќи ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран ги натера инвеститорите да побараат побезбедни засолништа за својот капитал.

Индексот на доларот – кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути – порасна за 0,6% и достигна 98,77 поени. За споредба, еврото ослабе за 0,2%, на 1,1525 долари, додека доларот зајакна и во однос на јапонскиот јен за 1,3%, достигнувајќи курс од 146,05 јени за долар.

Доларот претходно беше под притисок поради непредвидливата царинска политика на претседателот Доналд Трамп, при што неговата вредност неодамна достигна најниско ниво во последните три години. Меѓутоа, од почетокот на ракетните напади меѓу Израел и Иран, доларот почна да закрепнува како традиционално „сигурно прибежиште“ во времиња на глобална нестабилност.

Федерални резерви: Без промени во каматната политика засега
Поддршка за доларот дојде и од одлуката на американската централна банка (ФЕД) да ги задржи каматните стапки на исто ниво, и покрај повиците од Трамп за нивно намалување.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, изјави дека поради воведените царини се очекува раст на инфлацијата во наредните месеци, па не постои итна потреба за промена на монетарната политика.

„Пауел јасно даде до знаење дека нема да ги менува каматните стапки сè додека не се види реалното влијание од царините врз инфлацијата,“ изјави Питер Кардило, економист од компанијата Spartan Capital Securities.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни