Поранешниот шкотски прв министер, Салмонд починал во Охрид

Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд почина во Охрид, каде што бил панелист на вториот Форум за културна дипломатија.
Фото: James Duncan Davidson/TED Conference/Flickr

Форумот беше организиран од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, од каде што ја потврдија веста.

Салмонд вчера имал излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

„За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина“ информираат од Канцеларијата на Иванов.

Салмонд од 2007 до 2014 година беше прв министер на Шкотска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни