Ползечките растенија се качуваат на камените ѕидови, се провлекуваат низ прозорци и врати и ги покриваат распаѓачките патеки на ова некогаш живописно место.
Времето како да застанало во ова село кое се наоѓа на островот Гуки – едно од речиси 400 што го сочинуваат архипелагот Шенгси, источно од кинеската покраина Жеџијанг.
Некогашниот важен рибарски центар сега е напуштен и обраснат со густо зеленило и растенија кои ги покриле напуштените згради.

Рибарско село Гуки, Кина
Островот, на само неколку часа возење од заливот Хангжу, е во остра спротивност со модерниот градски пејзаж на Шангај – сликата што многумина на Запад ја имаат кога размислуваат за модерна Кина. Додека некои од островите на естуарската река Јангце се популарни туристички дестинации и рај за љубителите на морска храна, други се целосно ненаселени.

Зачудувачките сцени од островот Гуки се резултат на постепеното исчезнување на трагите од човечкиот живот, бидејќи куќите и помошните згради со години биле оставени на природата.
Селото останало празно кога рибарите решиле да се преселат на копното, каде што било економски поисплатливо да се работи и полесно да се транспортира и продава уловот.