Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска оди во затвор да ја издржи петгодишната казна за заверa за финансирање на својата изборна кампања во 2007 година со средства од Либија.
Саркози беше осуден кон крајот на септември на пет години затвор, од кои една условна, поради договорот со Гадафи во 2005 година, кога беше француски министер за внатрешни работи, за добивање финансии за кампањата во замена за поддршка на тогаш изолираната либиска влада на меѓународната сцена.
Поранешниот државник кој ја оспори пресудата и ја осуди како „неправда“ ќе биде затворен во парискиот затвор Ла Санте. „Ако сакаат да спијам во затвор, ќе спијам во затвор – но со високо крената глава“, рече тој за новинарите по пресудата на 25 септември.
Саркози ќе биде првиот француски лидер кој оди во затвор од времето на Филип Петен, нацистичкиот колаборационистички шеф на државата Виши Франција, кој беше затворен по Втората светска војна.
Веројатно ќе биде сместен во една од ќелиите од девет квадратни метри во крилото со самички, рекоа вработени во затворот за AFP.