Овој број предизвика контроверзии бидејќи „86“ во американскиот сленг значи „елиминирај“, па дури и „убиј“, додека Доналд Трамп е 47-миот претседател на САД. Републиканците сметаат дека објавата на Коми претставува повик на насилство и атентат врз Трамп. Американската министерка за домашна безбедност, Кристи Ноем, остро реагираше, нарекувајќи ја објавата „отворен повик на убиство“.
Коми ги негираше обвиненијата, велејќи дека не знаел за оваа симболика и дека неговата објава немала насилен контекст, поради што веднаш ја избришал. Тајната служба потврди дека сериозно ги истражува сите можни закани, вклучително и оваа.
Од Белата куќа и од сојузниците на Трамп доаѓаат остри критики. Синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, обвини дека Коми „лежерно повикува на убиство на неговиот татко“, а заменик шефот на кабинетот на Белата куќа, Ден Скавино, на социјалната мрежа X објави дека Коми повикува терористи да го ликвидираат претседателот за време на неговата турнеја на Блискиот Исток.
Коми беше директор на ФБИ од 2013 до 2017 година и беше разрешен од страна на Трамп во екот на истрагата за руското мешање во изборите во 2016 година.
Инаку, Доналд Трамп во изминатата година преживеа два обида за атентат – првиот во јули 2024 во Пенсилванија, кога беше полесно повреден во увото, и вториот во Флорида, кога напаѓач беше уапсен откако пукал од заседа на неговиот голф терен.