Поранешниот британски премиер откри дека боледувал од рак: „Прегледот ми го спаси животот“

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон откри дека се лекувал од рак на простата и ја повика владата да воведе целен национален програм за рано откривање, со кој случаите би се дијагностицирале навреме – кога шансите за успешно лекување се многу поголеми.

Камерон, денес 59-годишен лорд и министер за надворешни работи, за првпат јавно зборуваше за својата дијагноза во интервју за The Times, истакнувајќи дека сака да се приклучи на оние што се залагаат за воведување на таква државна програма.

„Не сакам да зборувам за лични здравствени проблеми, но чувствувам дека морам“, рече тој, нагласувајќи дека мажите често избегнуваат да разговараат за здравјето, особено кога станува збор за простата. „Направив преглед кој го откри проблемот. Ми даде шанса да реагирам.“

„Прегледот буквално ми го спаси животот“

Откако биопсијата ја потврдила дијагнозата, Камерон се соочил со избор познат на многу пациенти со рак на простата: „Да чекам и следам, или да започнам со лекување?“ Се одлучил за минимално инвазивната т.н. фокална терапија – постапка во која со електрични импулси се уништуваат канцерогените клетки.

„Тоа беше прецизна интервенција, многу блиску до важни нерви и делови од анатомијата. Кога ќе видите што мора да се отстрани, а што останало недопрено – чувството е огромно олеснување“, изјави Камерон.

Денес, околу половина од дијагнозите на рак на простата се поставуваат во доцна фаза, кога шансите за успешно лекување се значително пониски. Додека десетгодишното преживување кај стадиум 1 и 2 надминува 90 проценти, кај стадиум 4 паѓа на само 18,6 проценти.

Камерон порача дека токму затоа сака да го искористи сопственото искуство:
„Ќе се чувствував лошо ако не им кажев на луѓето дека токму прегледот ми го спаси животот.“

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни