Поранешниот американски олимписки пливач Гери Хол ги изгуби медалите во пожарот во Л.А.

Поранешниот американски олимписки пливач Гери Хол Јуниор во својата пливачка кариера освои 10 олимписки медали и шест медали на светските првенства.

„Најверојатно ги изгубив сите во пожарот во Палисадес. Сцените беа 1000 пати полоши од било кој апокалиптичен филм“, изјави тој за Сиднеј Морнинг Хералд.

Хол за Сиднеј Морнинг Хералд изјави дека пробал да ги спаси медалите, но неговиот обид бил неуспешен.

За Хол е отворена GoFundMe страница, на која пишува: „Гери Џуниор го загуби својот дом во разорниот пожар во Палисадес на 7 јануари“.

Гери опишува дека кога видел пламен низ прозорецот додека бил дома, успеал да ги собере кучето Падлс, инсулинот, сликата од неговиот дедо и религиозниот дрвен предмет што му го дала неговата ќерка Џиџи, и потоауспешно се евакуирал.

Поради пожарот тој бил принуден да остави се што поседува, меѓу кои незаменливи семејни предмети, фотографии и друго.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни