Поранешна медицинска сестра на Шумахер обвинета за завера за уценување на неговото семејство

Медицинска сестра, чиј идентитет не е јавно обелоденет, наводно била дел од заговор за изнуда на 15 милиони евра од семејството Шумахер со закана дека ќе објави слики од тркачката легенда на веб-страница на дарк-нет.
Фото: © European Union 2011 PE-EP/Pietro Naj-Oleari

На судењето во Вупертал, медицинската сестра беше идентификувана како една од тројцата обвинети дека се обидела да изнуди пари од семејството.

„Сликите можеа да дојдат само од т.н компјутер за нега, до кој пристапувале медицински сестри, терапевти и лекари, а кој не бил поврзан на интернет“, изјави обвинителот Даниел Милер.

Како што наведе, обвинети се три лица дека се обиделе да изнудат 15 милиони евра за да не објават околу 900 слики и 583 видеа од поранешниот возач на Формула 1, на кои тој е делумно беспомошен, во инвалидска количка и во болнички кревет закачен на медицинска опрема. Обвинети се поранешниот телохранител на Шумахер, Маркус Ф, обезбедувач на ноќни клубови Јилмаз Т. и неговиот син Даниел.

Јилмаз пред судот призна дека ги добил досиејата од Маркус Ф. на два хард диска и дека материјалот го симнал на четири УСБ-дискови. Синот наводно му отворил лажна мејл адреса преку која контактирал со семејството. Тој истакна дека неговиот син повеќе не учествувал во нивните понатамошни акции.

На прашање на судијата дали знаел дека всушност сторил кривично дело уцена, тој рече дека не гледа така на работите. Тој додаде дека Маркус Ф. добил досие од медицинската сестра на Шумахер, на која ѝ биле потребни пари откако неговото семејство ја отпуштило и дека планот бил да ги подели парите меѓу него, Маркус Ф. и медицинските сестри.

Менаџерката на Шумахер, Сабине Кем, пред судот изјави дека откако уценувачите го контактирале семејството, таа се посомневала во медицинската сестра, која пред четири години добила отказ поради несоодветна грижа.

Семејството на Шумахер жестоко ја заштитува приватноста на тркачката легенда откако тој се повреди на француските Алпи во 2013 година, неколку дена по Божиќ, при што ја повреди главата откако удри во карпа. Неговите повреди на мозокот беа толку тешки, што беше ставен во медицински индуцирана кома. По несреќата не се објавени негови слики.

Судењето ќе продолжи на 23 декември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни