Според шпанските медиуми, Андриј Портнов, поранешен соработник на соборениот украински претседател Виктор Јанукович, бил застрелан пред влезот на Американското училиште во елитната населба Позуелo, додека ги носел своите деца на училиште.
Радио-станицата Cadena SER јави дека напаѓачот или повеќе лица отвориле оган врз Портнов, нанесувајќи му смртни повреди.
Портнов важеше за близок соработник на Јанукович, претседателот на Украина кој беше симнат од власт во 2014 година.
Шпанската полиција ја истражува позадината на нападот, а идентитетот на напаѓачот сè уште не е познат.