Поранешен хрватски репрезентативец загина во сообраќајка, повредени уште тројца фудбалери

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20:15 часот на обиколницата кај Турањ, во близина на Карловац во Хрватска, животот го загубија две лица, меѓу нив и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Никола Покривач (39).

Во несреќата учествувале четири патнички автомобили, а тројца од повредените се фудбалери на НК Војниќ ’95 – двајца се во критична состојба.

Според изјавите од болницата во Карловац, повредените мажи се родени меѓу 1990 и 1998 година, а кај двајца се дијагностицирани тешки повреди на градниот кош, стомакот и главата. Еден од нив веќе бил подложен на операција, а друг очекува хируршка интервенција.

Покривач, кој зад себе остави богата фудбалска кариера со 15 настапи за Хрватска, беше дел од репрезентацијата на ЕП 2008. Играл за клубови како Динамо Загреб, Монако, РБ Салцбург и Ријека, а летото 2023 се врати на терените со амбициозниот Војниќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни