Поранешниот порно актер и активист за ЛГБТ+ права, Хуан Карлос Флориан, ќе биде новиот министер за еднаквост во Колумбија, потврди владин извор за агенцијата AFP.
Флориан, кој во минатото бил сексуален работник и продуцент на хомосексуална еротска содржина, ќе ја предводи институцијата задолжена за обезбедување пристап до социјални програми за ранливите групи во земјата.
Веќе има искуство во државната управа, како и соработка со неколку меѓународни организации.
Именувањето на Флориан сигурно ќе предизвика бурни реакции во претежно католичката и конзервативна Колумбија.
Откако левичарот Густаво Петро ја презеде функцијата претседател пред три години, повеќе од 50 министри се смениле во неговата влада.
Извор Index.nr