Поранешен геј 18+ актер ќе стане колумбиски министер за еднаквост

Хуан Карлос Флориан, поранешен геј 18+ актер и активист, ќе стане министер за еднаквост во Колумбија. Именувањето предизвикува бурни реакции во католичката јавност.

Поранешниот порно актер и активист за ЛГБТ+ права, Хуан Карлос Флориан, ќе биде новиот министер за еднаквост во Колумбија, потврди владин извор за агенцијата AFP.

Флориан, кој во минатото бил сексуален работник и продуцент на хомосексуална еротска содржина, ќе ја предводи институцијата задолжена за обезбедување пристап до социјални програми за ранливите групи во земјата.

Веќе има искуство во државната управа, како и соработка со неколку меѓународни организации.

Именувањето на Флориан сигурно ќе предизвика бурни реакции во претежно католичката и конзервативна Колумбија.

Откако левичарот Густаво Петро ја презеде функцијата претседател пред три години, повеќе од 50 министри се смениле во неговата влада.

Извор Index.nr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни