Поранешниот извршен директор на Google, Мет Бритин, е назначен за нов генерален директор на BBC. Тој ќе го наследи Tим Дејв, кој во ноември најави оставка по пет години на чело на јавниот сервис.
Дејви заминува по критики поврзани со уредувањето на прилог од емисијата Panorama за Доналд Трамп.
Претседателот на BBC, Самир Шах, изјави дека именувањето доаѓа во момент кога „влоговите никогаш не биле поголеми“, но дека Бритин е вистинскиот избор.
Во својата прва изјава, 57-годишниот Бритин рече дека е „почестен и возбуден“:
„Сега, повеќе од кога било, ни е потребен успешен BBC кој им служи на сите во сложен и брзо променлив свет.“
Тој нагласи дека ова е „момент на вистински ризик, но и вистинска можност“, додавајќи дека BBC мора да биде побрз и поблиску до публиката.
Бритин ќе ја преземе функцијата на 18 мај, додека во меѓувреме раководењето ќе го преземе Рорди Талифан Дејвс.
Контроверзии и притисоци
BBC се соочува со сериозни предизвици, вклучително и тужба од трамп поради спорен прилог во „Panorama“, како и критики за емитување расистичка навреда за време на наградите BAFTA Awards.
Контроверзијата се однесува на говорот на Трамп од 6 јануари 2021 година, пред немирите во US Capitol, каде што монтажата создала впечаток дека директно повикува на насилство.
Кој е Мет Бритин?
Бритн доаѓа од технолошкиот сектор, што претставува промена за BBC. Тој претходно раководеше со Google за Европа, Блискиот Исток и Африка.
Работел и во Guardian Media Group, како и во Trinity Mirror и Sainsbury’s.
Бил и член на британската олимписка веслачка репрезентација и носител на орденот Order of the British Empire за придонес во технологијата.
Шах истакна дека Бритин има „вештини потребни за водење на организацијата низ големи промени“, особено во време кога се преиспитува финансирањето и иднината на BBC, чија повелба истекува во 2027 година.