Поранешен детски актер почина во пожарите во Лос Анџелес

Поранешниот детски актер Рори Калум Сајкс загина во катастрофалните пожари во Лос Анџелес.

Рори Калум Сајкс (32), кој се појави во британското ТВ шоу Kiddy Capers во текот на 1990-тите, почина во семејната куќа во Малибу, Калифорнија, на 8 јануари, објави неговата мајка Шели Сајкс на платформата X.

„Со голема тага морам да ја објавам смртта на мојот прекрасен син, кој загина во пожарите во Малибу“, напиша Шели, додавајќи дека е „целосно скршено срце“ поради загубата на нејзиниот „прекрасен син“.

Британскиот актер, кој бил слеп и имал церебрална парализа, живеел во Сиднеј, Австралија, пред неодамна да се пресели во САД, пишува австралискиот медиум Nine News.

Тој починал додека престојувал во куќа на семејниот имот од 17 хектари во Малибу, открила неговата мајка, пренесува People.

„Не можев да го изгаснам пожарот на покривот со црево. Дури 50 храбри пожарникари немаа вода цел ден“, напиша Шели.

Според неговото семејство, поранешниот актер не успеал навреме да се евакуира од пожарот во Лос Анџелес.

Пред неговата прерана смрт, мајката на Рори откри дека тој „надминал многу благодарение на операциите и терапии за да си го врати видот и да научи да оди“ и дека бил желен да патува низ светот „и покрај болката“.

„Неизмерно ќе ми недостига“, рече Шели за нејзиниот починат син.

Смртта на поранешниот актер се уште не е официјално вклучена во билансот на загинатите во пожарот во Лос Анџелес, според достапните информации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни