Поранешен американски дипломат: Запад можеби не е толку слаб како што мисли Путин

Поранешниот американски амбасадор во Полска, Даниел Фрид, изјави дека руското влегување со дронови во полскиот воздушен простор „практично сигурно било намерен напад“.

„Ова треба да ни отвори очи, ако некој сè уште мисли дека овој конфликт (помегу Русија и Украина, заб. н.р.) е нешто помирно“, изјави Фрид за BBC.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно потврди дека во соборувањето на дроновите учествувале сојузниците: Холандија, Италија, Полска и Германија.

„Запад можеби не е толку слаб како што мисли Путин“
Фрид нагласи дека „фактот што авионите веднаш полетаа, без да се чека дозвола и реагираа во реално време, испрати сигнал до Русија дека Западот можеби не е толку слаб како што мисли Путин“.

Тој додаде дека овој инцидент треба да се сфати многу сериозно: „Русија веќе извесно време спроведува саботажи и атентати на Западот и против Западот. Мора да претпоставиме дека Путин ќе го повтори тоа.“

„Тој ќе бара слабости и не смееме да му ги покажеме“, порача Фрид.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни