Последниве денови, корисниците на апликацијата Viber во регинот пријавуваат проблеми со доцнење на испораката на пораки – некои пристигнуваат со неколку минути, а понекогаш и часови задоцнување. Покрај тоа, се појавуваат потешкотии со испраќање фотографии или нивно “заглавување” на екранот.
Најчести проблеми со апликацијата Viber
Доцнење на пораки
Пораките остануваат во статус „чекање“ или не се испраќаат. Најчесто се случува поради нестабилна интернет конекција, застарена верзија на апликацијата или телефони со послаб хардвер.
Недостапни контакти
Некои контакти не се појавуваат во апликацијата. Причини: недозволени пристапи до контактите или грешки при синхронизација.
Неточни нотификации
Апликацијата не покажува дали некој е онлајн или дали пораката е прочитана, иако е. Понекогаш нотификациите за групни разговори пристигнуваат со доцнење или воопшто не се појавуваат.
Пад на апликацијата
На постари уреди, Viber може да се замрзне или неочекувано да се исклучи, што може да доведе до загуба на непрочитани пораки или прекинати повици.
Бавна или нецелосна пребарувачка на пораки
Пребарувањето по стари пораки може да биде споро или да не ги прикажува сите резултати.
Како да ги решите проблемите?
Рестартирајте ја апликацијата или телефонот
Наједноставен и честопати најефикасен чекор.
Исчистете го кешот
Во подесувањата на телефонот, одете во делот „Апликации“, пронајдете Viber и избришете ја кеш-меморијата.
Ажурирајте ја апликацијата
Стара верзија може да предизвика бројни проблеми. Проверете дали има достапно ажурирање преку App Store или Google Play.
Проверете ги дозволите
Уверете се дека Viber има пристап до: Контакти, интернет и звестувања (нотификации)
Проверете ја интернет конекцијата
Слаба Wi-Fi или мобилна мрежа често е причина за доцнење на пораки.
Реинсталирајте ја апликацијата
Ако ништо друго не помага, избришете ја и повторно инсталирајте ја апликацијата.
❗️Важно: Пред бришење, направете бекап (резервна копија) на пораките преку поставките на Viber.