Пакистан: Околу 300 загинати во монсунските дождови од јуни

Во монсунските дождови кои го зафатија Пакистан кон крајот на јуни досега загинаа речиси 300 луѓе, додека повеќе од 700 лица се повредени, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи (НДМА).

Според официјалните податоци, само во последните 24 часа загинале шест лица, а две се повредени.

Од 26 јуни до денеска, вкупно 295 лица загинале, а околу 700 се повредени како последица на обилни врнежи, ненадејни поплави, уривање на кровови и струјни удари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни