Поради заканата од можна нуклеарна војна, Србија активно започна да ги реновира и адаптира сите скривници

Директорот на Јавното претпријатие „Склоништа“ Небојша Стојановиќ открива за „Курир“ дека веќе се договара финансиска помош за одржување на 1.442 склоништа под управата на државата.

Закана од можна нуклеарна војна стана секојдневна тема и цела Европа се спрема за најлошото сценарио. Од соседните земји Србија активно започна да ги реновира и адаптира сите скривници во кои цели 13 години биле прекинати сите вложувања и субвенции.

Директорот на Јавното претпријатие „Склоништа“ Небојша Стојановиќ открива за „Курир“ дека веќе се договара финансиска помош за одржување на 1.442 склоништа под управата на државата.


Стојановиќ за „Курир“ објаснува дека на територијата на Србија има околу 7.290 скривници, од кои 1.442 се под управата на државата, односно со нив управува ЈП „Склоништа“. Останатите најчесто биле во рамките на фабрики и други претпријатија и со приватизацијата преминале во приватна сопственост.

Во случај на прогласување вонредна состојба, директорот на ЈП „Склоништа“ Небојша Стојановиќ нагласува дека склоништата кои се користат во мирнодопски услови можат да се исчистат, а во случај на прогласување вонредна или воена состојба, тие мора да се исчистат и подготват за заштита во рокот што ќе го одреди штабот за вонредни ситуации, а најдоцна во рок од 24 часа. Според него, скривниците најчесто се користат како магацини, игротеки, кафетерии, музички студија, складишта за хуманитарна помош, сместување на архиви и слично.

„Не знаеме како се одржуваат, но грубо може да се пресмета дека во случај на воена опасност во секоја скривница може да влезе околу 100 луѓе, па претпоставката е дека надвор од нашите скривници има место за уште околу 500.000 луѓе. Во нашите скривници може да влезат околу 250.000 луѓе, така што може да пресметаме дека има место за околу 750.000 граѓани“, вели Стојановиќ и нагласува дека од вкупниот број на скривници кои се под управата на ЈП, само една третина, односно 468, се погодни за издавање.

„Останатите се во згради и најчесто се користат како простории за остата и слично. Ние веќе 12 години се самофинансираме, не добиваме пари од буџетот. Поради тоа имавме разговори на кои е договорено да се обезбеди финансиска помош за одржување на постоечките скривници и да се направи план за вложување во изградба на нови објекти за заштита на населението од воена опасност или друга вонредна состојба“, објаснува Стојановиќ.

Стручњакот за одбрана и безбедност Иван Милетиќ вели за „Курир“ дека се неопходни системски решенија.

„Нам ни недостасува цивилна заштита која сега е на ниво на претпоставка дека нема ништо да ни се случи. Потребно е Србија да почне да планира денес за нешто што може да се случи за една или десет години. Треба да се создаде простор во буџетот за овие работи, треба да се донесе нов закон за цивилна заштита, мора да се направи централизација на системот на цивилна заштита, како што постоеше порано. Од 1992, кога беше укинат законот за општествена само-заштита, сè е заборавено, уништено, продадено или изнајмено. Потребни ни се магацински простории за шатори, вреќи за спиење, кревети на расклопување, мобилни кујни, резервоари за вода… Тие средства ќе ни бидат потребни и во случај на земјотрес, поплава и слични работи“, предупредува Милетиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни