Фудбалерот на Интер, Мехди Тареми, се наоѓа во својата татковина Иран, која веќе два дена е во војна со Израел, и засега ќе остане таму поради неможност да ја напушти земјата.
Тареми нема да може да му се приклучи на тимот кој се очекува да учествува на Светското клупско првенство во САД.
Во момнетов сите аеродроми во Иран се затворени, летовите се откажани, па Тареми ќе мора да почека поповолни околности за да полета од земјата, но прашањето е кога ситуацијата ќе се врати во нормала.
Дополнително, патувањето по копнен пат се смета за премногу ризично, па затоа Тареми останува таму каде што е.
Мехди требаше директно да отпатува од Иран во Калифорнија, каде што тимот се подготвува со новиот тренер Кристијан Киву.