Поради приближувањето на тајфунот Вифа, аеродромите во Хонгконг, Шенжен, Џухај и Макао ги откажаа или одложија сите дневни летови, а делумно е обуставен и железничкиот сообраќај, јавува денеска AP.
Владината опсерваторија во Хонгконг, задолжена за издавање на предупредувања за временски непогоди, издаде сигнал за ураган од ниво 10, што е највисоко можно ниво на предупредување.
Според властите, повеќе од 200 луѓе се упатиле во јавни засолништа, а биле пријавени десетици случаи на паднати дрвја.