Поради врнежи од снег, од утрово во 05:45 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово–Дебар, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од Автомото сојузот (АМСМ) и „Македонија пат“ информираат дека врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена од утрово на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца поради врнежи од снег, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.
На останатите државни патишта во земјата, сообраќајот се одвива непречено, главно по влажни коловози, додека на повисоките места во западните и југозападните делови има помали остатоци од кашест снег.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси.
АМСМ апелира возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да користат соодветна зимска опрема.
