Пејн (31) почина во средата откако падна од балконот на хотелската соба на третиот кат во Буенос Аирес, шокирајќи ги милионите фанови на бендот, јавува Би-Би-Си.
Малик требаше да ја започне американската етапа на турнејата следната недела – почнувајќи во Сан Франциско во среда.
„Поради потресната загуба што ја доживеав оваа недела, донесов одлука да го одложам делот од американската турнеја“, напиша Малик на X.
Тој им порача на фановите дека датумите ќе бидат поместени за јануари и дека билетите ќе важат за новите датуми.
„Ве сакам сите и ви благодарам за разбирањето“, додаде тој.
Инспекторите во Аргентина сега работат на реконструкција на последните часови од животот на Пејн, откако беше објавено дека смртта на пејачот најверојатно е резултат на „некоја злоупотреба на недозволени супстанци“.
Хотелската соба на Пејн била уништена, со скршени предмети и мебел, заедно со алкохол и супстанции за кои се верува дека се наркотици.