Поради штрајкот на француските контролори нарушен авиосообраќајот во Европа

Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани се голем број летови, што доведе до последици не само во Франција, туку и во други делови на Европа.

Два француски синдикати организираа вчера и денеска организираа штрајк барајќи подобри услови за работа. Поради штрајкот откажани се една четвртина од летовите на главните аеродроми во Париз и половина од летовите на аеродромот во Ница.

Париските аеродроми „Шарл де Гол“, „Орли“ и „Бове“ денеска имаат 40 проценти помалку летови. Француската Управата за цивилно воздухопловство (ДГАЦ) побара од авиокомпаниите да откажат половина од своите летови во Ница и една третина во Марсеј, Лион и други градови.

Авиокомпанијата „Рајанер“ (Ryanair) соопшти дека била принудена да откаже повеќе од 400 летови, поради што се погодени над 70.000 патници. „Рајанер“ тврди дека штрајкот влијае не само на летовите до и од Франција, туку и на авионите што летаат низ францускиот воздушен простор до дестинации како што се Велика Британија, Ирска, Шпанија и Грција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни