Серијата на силни земјотреси кои со денови го тресат Санторини, предизвика вистинска паника на познатиот грчки остров, но и низ цела Европа. Овој страв не изненадува, ако се земе во предвид дека Санторини, кој официјално е познат како Тера, е вулкан кој ја имал една од најразорните ерупции во историјата – таканаречената минојска ерупција околу 1600 година п.н.е. Оваа ерупција ја уништила моќната минојска цивилизација, која процветала на островот Крит, и донела големи промени во источниот Медитеран. Влијанието на оваа ерупција било толку големо што се верува дека ја има создадено и легендата за падот на Атлантида.
Вулканот на Санторини последен пат еруптираше во 1950 година, но беше релативно помал. Ерупцијата во 726 година предизвика зовривање на морето и исфрлање пепел на далечина и до 400 километри, пренесува LiveScience. Точниот датум на минојската ерупција не е познат, но познато е дека сето тоа се случило помеѓу 1650 и 1500 година п.н.е.

Научниците пред околу една година открија дека најексплозивната вулканска ерупција во европската историја се случила во близина на Санторини, и тоа пред околу 520.000 години. Прашањето за колапсот на минојската цивилизација и нејзината престолнина Кносос е разгледано од многу историчари и геолози, а заклучоците се дека ерупцијата довела до цунами што ја уништило минојската флота и дека пепелта фрлена во воздухот ја направила земјата неплодна уште неколку години.
Отсекогаш било познато дека овој остров го има сегашниот облик благодарение на вулканската активност. Сега постојат докази кои укажуваат дека таму се случила ерупција со огромна сила во одреден момент околу 1500 п.н.е. Дека ерупцијата била жестока покажува и фактот дека сите населби на овој остров биле затрупани под планини од лава и пепел.
Џон Банел Бури и Расел Мегс во „Историја на античка Грција“, напишаа:
„Кога кратерот експлодираше, морето се втурна во него, раскинувајќи го копнениот прстен околу вулканот и создавајќи три одделни острови од Тера. Последиците од ерупцијата влијаеле на населбите на многу широк простор, како што беше прикажано во 1882 година за време на ерупцијата на вулканот Кракатау во каналот помеѓу Јава и Суматра. За споредба масата на исфрлена лава и пепел на Санторини беше значително поголема, така што, силата на експлозијата разнела огромен облак од лава и пепел со километри и километри низ воздухот. Воден од ветрот, тој облак стигнал на многу голема далечина. Доказ за тоа е дупчењето на морското дно кое укажа на длабоки наоѓалишта на пепел на двете страни на источниот крај на Крит: речиси е сигурно дека дебел слој пепел паднал низ источен Крит, што можеби го направило земјиштето неплодно и непогодно за одгледување некое време“.
Бури и Мегс, пишуваат дека, пукањето на морето во вакуумот оставен од ерупцијата може да предизвика огромен бран, висок преку 30 метри, кој можеше да патува стотици и стотици километри и да има многу деструктивен ефект.
„Можеме да бидеме сигурни дека бучавата била неверојатно гласна и алармантна, звукот на ерупцијата на Кракатаа се слушна во Австралија и целото Егејско Море. Вез основа на ужасниот звук, најверојатно истата судбина ја доживеала и Тера. Облакот од пепел исфрлен од вулканот сигурно го затемнило небото со милји наоколу. Но, на море, без сомнение, се случувало најнезамисливото. Кога надворешниот ѕид на планината се раздвоила на два дела, морето се втурнало меѓу нив, создадавајќи „страшен бран“, познат по јапонскиот термин цунами, низ целото Егејско Море. Јасна трага од тој бран има на островот Анафи, на 27 километри источно, во вид на наоѓалишта на плавац високи 250 метри. Плавац бил разнесен и на друго место, на пример, до градот Нихорија во јужен Пелопонез. Цунамито предизвикано од Кракатау предизвика штета и загуби на животи дури и на Хаваите“.
Како може Тера да не предизвика многу поголемо зло во соседните води на Егејот?
„Ако минојската флота била на море, веројатно ќе избегаше без поголеми штети. Но, таму каде што бранот се сретнал со плитката вода, пораснал до огромни височини. Силата на брановите го подигнал секој брод што бил во близина на брегот или во пристаништето, веројатно носејќи го кон копното и кршејќи го на парчиња. Но, ако минојската флота била во некое пристаниште на северниот брег на Крит, сигурно била уништена со еден удар; Веројатно истиот удар ги уништил бродовите во егејските пристаништа. Постои претпоставка дека поголемиот дел од минојската флота била во акција, затоа што се верува дека тоа е силата што толку долго го правела Крит неранлив, а неговите жители господари на Егејот“, напишал Џон Чедвик во книгата „Микенскиот свет“.
„Исфрлената вулканска пепел може да се издигне високо во атмосферата, паѓајќи како дожд на области во правец на ветрот. Ветерот ја пренел пепелта кон централен и источен Крит и Додеканезите. Ако пепелта беше дебела 10 см, како што се мисли, последиците можеа да бидат погубни за растителниот свет. Почнува да ни се чини дека последица на настаните на Тера е слабеењето на минојската моќ до таа мера што Грците од копното процениле дека можат, како и генерацијата по нив, сосема безбедно да го нападнат Крит и да ги уништат сите центри на минојската моќ, освен Кносос“, пишува во книгата.
Сеизмологот и шеф на научниот комитет за следење на грчкиот вулкански лак, Ефтимиос Лекас, за грчката телевизија ЕРТ изјави дека вулканот на Санторини произведува многу големи ерупции на секои 20.000 години.
„Поминаа повеќе од 3.000 години од последната голема ерупција, така што имаме уште многу време до следната голема ерупција“, вели Лекас.
Грчкиот остров Санторини имаше повеќе од 200 земјотреси за 48 часа. Зошто е тоа важно? Се наоѓа во сеизмички активен регион и има неактивен вулкан. Последната ерупција се случи во 1950 година и беше проследена со земјотрес со јачина од 6,9 степени и цунами од 25 метри, пишува The Greek Analyst.