Поради рекордниот број посетители и зголемениот притисок врз природните ресурси, Норвешка воведува нови давачки

Норвешка воведува нова туристичка такса од 3% за сместување

Норвешките пратеници официјално го усвоија законот за воведување туристичка такса, со цел да се соберат пари за подобрување и модернизација на туристичката инфраструктура, бидејќи оваа нордиска земја бележи нагло зголемување на бројот на посетители, што сè повеќе врши притисок врз локалните заедници и ресурси.

Според новиот закон, се воведува туристичка такса од 3% за сместување, а дополнително оданочување се планира и за бродовите за крстарење кои се закотвуваат во популарните крајбрежни области, особено во областите кои се преоптоварени со масовен туризам.

Само во 2024 година Норвешка забележала рекордни 38,4 милиони ноќевања, од кои 12 милиони биле направени од странски туристи, според официјалните податоци.

Зошто е воведен данокот?

Норвешките фјордови, планини, села и природни атракции стануваат сè попопуларни дестинации, но масовниот туризам има и негативни последици како што се:

-Пренатрупани јавни тоалети и недоволни паркинг места,
-загадување и оштетување на природни локалитети,
конфликти со локалното население кое трпи од притисокот на голем број туристи.

Затоа сите средства собрани од туристичката такса ќе бидат наменети исклучиво за подобрување на инфраструктурата, вклучително и одржување на патишта, паркинзи, јавни тоалети и заштита на природните локалитети.

Поширок европски тренд

Норвешка не е сама во овој пристап. Слични туристички такси веќе се воведени во:

-Шпанија (особено во Барселона и Балеарските Острови),
-Италија (Венеција воведе дневна такса за посетители во 2024 година),
-Хрватска и Франција, каде данокот за престој ги финансира локалните услуги.

Освен нив, се повеќе земји воведуваат различни мерки и даноци за да му застанат на патот на масовниот туризам и да направат нешто добро за локалната заедница и населението.

Се очекува оваа практика да стане стандард во европскиот туризам, бидејќи дестинациите бараат баланс помеѓу развојот и зачувувањето на природното и културното наследство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни